Впечатливи лични интерпретации на актуелните трендови, многу колорит и повеќеслојни комбинации протекоа по улиците на британската метропола за време на одржувањето на Модната недела во Лондон. Во градот без предрасуди и со голема модно шаренило, може да се погледне широка палета од стилови, од минималистични, преку панк и ретро комбинации, па сè до нова, речиси уметничка експресија во облекувањето. Застапени се новитетите во кроевите, како парчиња со нагласен волумен, или пак модели позајмени од машкиот ормар, како и од стилот на нашите мајки. Изборот на бои исто така варира од стајлинг на стајлинг, а во некои комбинаци има спој на навидум контрасни тонови. Доминираат комбинациите со панталони и фармерки, и дадено е ново стилско видување за тоа како треба да се носат.
Нема коментари