Ѕвездениот изглед на актерката и поранешна манекенка Дајан Кругер за време на филмскиот фестивал во родната Германија го заокружија три појавувања. Прво го забележавме црниот комплет од органза украсен со сребрени звезди и светки, креација на модната куќа „Шанел“, што нè наведе да се заинтересираме и за другите нејзини стајлинзи за време на промовирањето на нејзиниот нов филм Тhe Better Angels. Да видиме што Кругер носеше на три различни настани во Берлин.
Сите три стајлинга се одлични, но кога би бирала најодличен, тоа би било овој од првата фотографија. Дајан одушеви во светкавиот комплет од фустан и сако на „Шанел“, стилизиран со сандали од Стјуарт Вајцман и болеро-вратоврска, комбинација што ја носеше на премиерата на филмот The Galapagos Affair: Satan Came to Eden. Треба да имате стил, за да носите овој изглед и да блеснете во него. За да не изгледа премногу накитено и кичесто, Дајан се одлучи за „фатена“ фризура и нежна шминка.
Еве како да изгледате шик на прес-конференција на филмски фестивал, не многу нападно и со дневна шминка и фризура, но со трендовски елемент како на пример чизмите со нитни. Дајан носи монохроматски фустан од Џамбатиста Вали кој што го комбинираше со чизми од „Шанел“.
Во бело на црвениот килим на премиерата на својот филм Тhe Better Angels, Дајан во овој минималистички модел на фустан со долги ракави од Ели Саб изгледаше софистицирано и умерено гламурозно, токму како што треба да изгледа една модерна филмска ѕвезда. Темните нокти и бордо карминот допринесоа за сензуален вечерен изглед, а комбинацијата е дополнета со мала златна чанта.
Нема коментари