Џинс, карнери, повеќеслојност и кадифето се клучните трендови за претстојната есен. Иако кога ќе се спомене кадифе прва асоцијација е ретро имиџ и винтиџ зимски парчиња, сепак, тој е еден од носечките материјали во новите колекции на водечките модни куќи и дизајнери, а можеда се сретне и есенските колекции на high street брендовите застапени кај нас. Покрај палтата, кои се евергрин и не излегуваат од мода, во претстојните студени денови ќе се носат панталони, тесни здолништа и фустани од овој материјал. Посебно внимание се посветува на фустаните со прерамки, кои во стилот на 90-тите се носат врз еднобојни блузи или врз панталони. Се комбинираат повеќе кадифени парчиња, во различни бои. Покрај облеката, есенва со оваа мека, свилена, памучна или волнена ткаенина ќе бидат обложени и модните додатоци, чантите, еспадрилитe, нараквиците, коланите и ѓерданите-чокери. Еве неколку идеи како може да ги комбинирате кадифените парчиња.
Нема коментари