Зимскиот стајлинг може да го заокружите со повеќе топли и декоративни додатоци. Повеќеслојноста и можноста да носите бројни парчиња на себе е предноста на есенскиот и зимскиот имиџ. Оваа зима покрај крзнените додатоци во боја, се вратија и плетени капи. Тие може да бидат со топче направео од волница, од крзно или пак со мрежест превез. Топчето на врвот од плетената капа може да е во друга, впечатлива боја. Се носи исправено над челото, а комбинациите се неограничени, дури и во елегатни варијанти. Ви нудиме неколку идеи од уличната мода каква капа да изберете и како може да ја комбинирате.
Нема коментари