Информацијата за Анџелина Џоли и ангажманот како заштитно лице на Mon Guerlain, новиот парфем на париската козметичка куќа, предизвикува внимание изминатиов период, во пресет на официјалното лансирање месецов, Guerlain ја претстави и видео рекламата. Првото промотивно видео е наречено Notes of a Woman, а го реализира познатиот американски режисер Теренс Малик („Дрво на животот“, „небесни денови“, „Тенката црвена линија“). Акцентот во видеото е ставен на Анџелина, која го отелотворува новиот парфем на Guerlain – јак, современ, бестрашен и безвременски, парфем кој ја слави модерната женственост.
1 коментар