Модниот онлајн-магазин Stylist.mk вчеравечер во урбаниот скопски локал „Концепт 37“ ги додели наградите за најуспешните на пролетното издание на Моден викенд-Скопје (FWSK). Статуетката за најдобра колекција, изработена од архитектката и дизајнерка на накит Александра Шекутковска ѝ беше врачена на познатата креаторка Лидија Георгиева. Признанието за најнадежен дизајнер, креирано од Јасмина Главинче, отиде во рацете на откритието на овој Моден викенд, Оливера Штакоска. Дрвената статуетка инспирирана од женските нозе, избрусена од креативецот Глигор Кузмановски го доби најдобрата манекенка на деветото издание на FWSK, според Stylist.mk- Моника Алексовска. Истата вечер беше доделена и наградата за „Најубави нозе“ на VEET, која ја доби манекенката Ангела Ѓоргиева.
По церемонијата на доделување на наградите, Stylist.mk организира дебата на тема „Оригиналии копии во македонската мода“, во која учествуваа модни дизајнери, новинари, блогери и менаџери. Меѓу говорниците, покрај организаторките Снежана Јаначковска-Богдановска, Катерина Трајановска и Ана Несторовска, инпирирани и изпровоцирани да зборуваат беа дизајнерите Росица Мршиќ, Тања Кокев, Лидија Георгиева, Антонија Ристовска… како и модните менаџери, новинари и блогерите: Мери Ванчовска, Цаци Паковска, Александра Спасеска (aleksandrinavezilka) и Марио Додовски. (Фото: Stylist.mk)
Нема коментари