По најавата за абдицирање на шпанскиот крал Хуан Карлос на тронот доаѓа неговиот син Фелипе, Принц од Астурија, но внимането на јавноста е свртено кон неговата сопруга Летиција, која со стилот може да ги засени Кралицата Ранија од Јордан и Војвотката Кетрин од Кембриџ. Принцезата Летиција, поранешна презентерка на вести, можеби ја нема популарноста на својот сопруг Фелипе, најмногу заради нејзиниот скоро анорексичен изглед и зачестените пластични операции, но не можеме да и’ спориме дека е една од најмодерните кралски личности. Строгиот протокол на облекување што постои вообичаено во сите кралски дворови, вклучувајќи ги и оние осовременети европски, не мора да значи демоде изглед составен од модни парчиња со неласкачки кроеви и застарени вечерни фустани, а тоа добро го покажува токму Летиција. Таа бира модерни кроеви и трендовски бои, префинети коктел фустани и децентни комплети, при тоа успешно балансирајќи помеѓу традиционалноста на кралските семејства и современиот стил на 21 век.
Нема коментари