За модните вљубеници и тие што сакаат да дознаат повеќе за случувањата на домашната и светската модна сцена, 19 часот во недела, оваа сезона значи задолжителнод дружење со емисијата „Стилисимо“ на МРТ1. Покрај прилозите за трендовите, во шоуто, чија авторка и водителка е стилистката и модна новинарка Цаци Паковска, редовно може да се погледнат видеозаписи за главните двигатели на светската модна сцена, како и за главните играчи во македонската мода. Содржината е збогатена со видеоедиторијали и стилски предлози.
Еднаш месечно во рамките на „Стилисимо“ се состанува модното жири, во кое, покрај водителката Паковска, гостуваат и познатиот моден дизајнер и едукатор Никола Ефтимов, и двете модни новинарки/уреднички со долгогодишно работно искуство во областа на модата, кои се дел од основачкиот тим на Stylist.mk: Катерина Трајановска и Ана Несторовска.
Модното жири на „Стилисимо“ го коментира изгледот на познатите личности од нашата земја на своите јавни појавувања. Досега на „тапет“ беа учесниците на Скопски фестивал 2013, „Златна Бубамара“, „МРТ за најдобрите“, „Моден викенд-Скопје“… Под лупа се најдоа и ТВ-водителите и спикерите, а беше направена и листа за најдобро облечени ѕвезди во 2013.
Последната во низата анализи беше за гостите на Модниот викенд -Скопје, каде што покрај листите со најдобро и најлошо облечени познати фаци, беа издвоени неколку позитивни модни примери, од не толку познати личности.
Тие што ги пропуштиле досегашноте изданија на Модното жири, но и на останатите емитувања на „Стилисимо“, може да ги погледнете тука.
Нема коментари