Познатиот македонски графички дизајнер и илустратор Иван Петрушевски – Флим направи десет уникатни цртежи инспирирани од новата колекција Swatch POP часовници. Овие урбани и колоритни часовници, наменети за млади и за тие што се чувствуваат така, ќе може да се најдат во продажните салони на „Божиновски“.
-Дизајнот и инвентивноста, како и колоритниот неконвенционален пристап на Swatch отсекогаш ми се допаѓале. Затоа ми дојде многу природно веднаш да ја прифатам соработката со тимот на „Божиновски“. Целата колаборација се состои 10 фотоманипулации направени по повод лансирањето на новата “Pop!” колекција. Официјалната кампања веќе содржеше цртежи во кои го препознав сопствениот илустраторски сензибилитет, па затоа креативниот импулс дојде инстантно. Вивидниот колорит на новата колекција ми беше почетна инспиративна точка за овие 10 графички решенија-вели Флим.
Презентацијата на новата Swatch POP колекција на часовници ќе се одржи в петок (20 мај) во „Концепт 37“ со почеток во 21 часот. Присутните ќе може да ги погледнат уникатните графики со потпис на Иван Петрушевски – Флим, создадени ексклузивно за Swatch POP колекцијата. Следува забава со диџеј Чваре. (А.Н.)
Нема коментари