Инспирирана од поемата „Гавранот“ на Едгар Алан По, дизајнерката Росица Мршиќ ја создала новата колекција за есен-зима 2016/17, што ќе ја претстави денеска во своето студио. Новата “pret-a-porter” вдишува романтика во современиот изглед на жената. Мршиќ во неа ја преведе женската нежност во црна палета, чисти кроеви дополнети со рафинирани слоеви и нагласени со длабоко розови детаљи. Во оваа колекција таа понуди нова силуета: чиста, едноставна и интригантна, женствена и со таинтствена романтика. Таа употребува меки, текстурни и структурирани еколошки ткаенини и ги нагласува со рачно изработени детаљи. Крајниот ефект е игра помеѓу контрастите: екстравагантно и едноставно, темно и светло, романтично и графички прецизно.
Линијата го носи потписот на дизајнерката на нов и сензуален начин.
Таа има предизвик постојано да развива нови начини на изразување и да истражува нови техники и гради различни силуети во секоја од новите колекции. Со нагласување на формата на телото дизајнерката изработи парчиња облека кои совршено прилегаат на женската фигура и се идеални за “day to evening” изглед.
Kолекцијата e достапна во студиото на Мршиќ и во бутикот Via во Скопје, на онлајн продавницата на дизајнерката, како и на повеќе интернационални онлајн продавници со кои дизајнерката соработува веќе неколку сезони.
Нема коментари