Со прецизен крој, софистицирани материјали, рафинирани слоеви и современ дизајн, кој ја наглалсува женственоста и елеганцијата, се новите креации од колекцијата есен-зима 2016/17 на етаблираната дизајнерка Росица Мршиќ. Новите креации, кои се инспирирани од поемата „Гавранот“ на Едгар Алан По мавме можност да ги погледнеме одблизу на вчерашната промоција во студио на Мршиќ во центарот на Скопје. Креаторката внесува романтика во современиот изглед на жената. Во фокусот е нежниот транспарентен фустан од тантела, чиј дезен налик на пердувите на „гавранот“ дискретно се провлекува и кај другите парчиња од колекцијата, блузи, куси здолништа во А-форма и елегантни капути. Застапени се и бели и сиви кошули, со карнер, како и фустани и палта со темно-црвени крзнени додатоци. На дел од моделите се појавува и препознатливата крупна каро-шара, која често е застапена во линиите на Мршиќ.
Моделите се во доминатнта црна боја и со нова силуета: чиста, едноставна и интригантна, женствена и со таинствена романтика. Таа употребува меки, текстурни и структурирани еколошки ткаенини и ги нагласува со рачно изработени детаљи. Крајниот ефект е игра помеѓу контрастите: екстравагантно и едноставно, темно и светло, романтично и графички прецизно. Kолекцијата e достапна во студиото на Мршиќ и во бутикот Via во Скопје, на онлајн продавницата на дизајнерката, како и на повеќе интернационални онлајн продавници со кои дизајнерката соработува веќе неколку сезони.
Росица Мршиќ вчера ја промовира својата нова колекција за есен-зима 2016/17 #rosicamrsic
A photo posted by stylist.mk (@stylist.mk) on
Ја посетивме промоцијата на новата колекција на Росица Мршиќ
A photo posted by stylist.mk (@stylist.mk) on
Нема коментари