Македонскиот моден дизајнер Ристо Бимбилоски, кој долги години работи на релација Париз-Охрид-Њујорк, деновиве ја претстави својата предесенска колекција за 2014. Фотографиите од лукбукот ги направи братот на дизајнерот, Алек Бимбилоски.
Во колекцијата се вткаени сето искуство и знаење стекнати во модните куќи „Кензо“ и „Луј Витон“, соработката со светски познатиот креатор Марк Џејкобс, ревиите во Њујорк и во Берлин и малата фабрика во Охрид. Но носечка е нишката – слика за постојаната потреба од нешто ново, свежо и неискусено, што креаторот ја плете во секоја нова колекција. Во линијата се препознава созреаноста и до совршенство доведен баланс меѓу новото, трендовското и футиристичкото, од една страна, и традицијата, од која постојано црпи инспирација и мотиви.
Во колекцијата доминира сината боја, која ја усовршува и истакнува со комбинации на повеќе нејзини нијанси, но во конфронтирањето со зелената и црвена во вади најдобрто од нејзе. Креациите се шик, урбани и младешки. Зсатапени се фустани, здолништа спортски јакни, мантилчиња и пнаталони. Дел од нив се исшарани со различни плетни, а дел до принтани варијации на пепито и каро-шарата. Моделите во себе носат ледена убавина, но се уобни и топли, како и сите досегашни колекции на Бимбилоски.
Нема коментари