Францускиот луксузен бренд „Луј Витон“ новата ресорт-колекција 2016 одлучи да ја прикаже во Палм Спрингс, Калифорнија, организирајќи ревија на имотот на Боб и Долорес Спрингс, футуристичга градба на Џон Лаутнер од 70-тите која заедно со лунарниот изглед на околината, одлично се надополни креациите со модернистичка естетика што ја прикажа креативниот директор на брендот, Николас Гескиер. Тимот на Геские и „Луј Витон“ во деновите пред ревијата се стационира во Палм Спрингс и во тој период дури и направија фотосесија со Јурген Телер, а за главното шоу повика преку 500 гости. На вчерашниот настан во Палм Спрингс на кој се споија ексклузивната мода и архитектурата се појавија голем број познати личности и светската модна елита, меѓу кои беа забележани актерките Мишел Вилијамс, Кетрин Денев и Шарлот Гинзбур, пријателки на брендот и на дизајнерот, потоа Селена Гомез, Канје Вест, Мариза Томеи и Миранда Кер.
Ревијата почна со прошетка на манекенките низ модерната куќа и потоа пред гостите седнати на отворено и околу огромниот базен, а носеа долги фустани и здолништа со релаксирана ситуета, еднобојни и со принт, дефинирани со необични ремени со X-форма или патенти. Дел од креациите беа надополнети со метални нитни, а Гескиер понуди и панталони, повеќе видови јакни и шарени палтенца. Расположението на целата е колекција се темели на футуристичка визија, но дизајнерот успева таа визија да ја претвори во женствена облека. Во креациите има структуралност, но во исто време е вметната лелеавост и органски форми, а дизајнерот успешно меша нежни ткаенини со кожа која е ласерси перфорирана.
Колекцијата која што почна со еднобојни и креации со принт на алки од синџир, кулминира со модели со поживи бои и впечатливи принтови. Гескиер мудро вметнува и трендовски елементи, како инспирации од 70-тите, комбинезони и модели со гол стомак, додека комбинира современа готика, американски прериски стил и сопствениот модернистички израз. Акцентот секако е ставен и на познатите чанти на брендот „Луј Витон“, со коцкести и класични форми, мали вечерни и големи ранци, стари модели и нови редизајнирани со егзотичен принт.
Нема коментари