Откако масовно беше прифатена пудрестото розова боја , милениумците имаат нова, омилена нијанса: пурпурната. Розовата, во модниот свет позната како „миленијал пинк“, може да се сретне во сите аспекти од живото на новите генерации, од фарба за коса, преку облека, накит, чевли, торби, маски за мобилни телефони, парчиња мебел… Оваа приказна продолжува и со виолетовата.
Застапени се сите нејзини тоналитети почнувајќи од лаванда, преку љубичица, виножито , слива,па сè до полноќна, темна нијанса. Прво се проби како идеална комбинација на актуелните корално-црвена, неонско жолтата и нежно розовата боја, но за кратко време можеа да се заблежат целосно пурпурни комбинации. Често се среќава и на модните писти, како дел од актуелните колекции на модните куќи, а ја има и во есенските понуди на популарните брендови.
Иако важи за впечатлива боја, која го „краде“ стајлингот, сепак ќе се изненадите колку лесно се прилагодува и комбинира со широка палета на бои. Веќе видовме дека контрасните тонови, како портокалова, црвена и зелена магично добро се согласуваат во модна комбинација, Истото важи и со светло сините и розови, како и со други тонови на виолетовата. Сигурна и добра комбинација е со актуелните модели од џинс и сива карирана шара.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари