Нејзината кариера е во подем, по неколку години на домашната сцена и појавување во македонски едиторијали, кампањи и ревии, по титулата Лице на годината за Македонија во 2015 година, младата темнокоса Јована Нешова сега се пробива на азискиот пазар. Таа во јануари замина за Шангај, Кина, и после првите кастинзи веќе почна да добива ангажмани, сработи повеќе проекти помеѓу кои кампањата Broken Dolls, новиот лукбук за престижниот бренд Vifille, како и кампањата за италијанскиот бренд Omas Gioielli.
Јована е сместена во центарот на повеќемилионскиот Шангај, град што го нарекуваат Париз на Истокот.
-Сето ова е прекрасна можност да ја видам и доживеам една од најстарите цивилизации на светот и да се уверам во убавината на кинескиот урбан живот, иако сум преплавена со обврски, сепак секој слободен момент го користам да уживам во знаменитостите на раскошниот Шангај – раскажува Јована во разговор со нејзините матични агенти Алек и Надица од „Моделс ИН“.
Освен во матичната модна агендица „Модел ИН“ од Скопје, Јована по изборот за Лице на годината на Македонија е дел од дел од српската модна агенција МSO (Model Scouting Office), како и на миланската агенција The One Models. Зад белградската агенција МSO стои Јелена Јовановиќ, манекенка која во 90-тите имаше успешна меѓународна кариера, сега е сопственик и моден менаџер на агенцијата, како скаут пронајде неколку светски модели, а нам ни е позната по маестралното водење на кариерите на најуспешните македонски топ модели Елена Реи и Катарина Ивановска.
За само два месеци престој во Кина, Јована благодарение на работните ангажмани успеа да посети голем број на градови во државата, помеѓу кои Шенџен, Хангзоу, Чонкинг и да се увери во нивната динамика. „Кога ќе се спојат нејзината упорност, самодисциплина и убавина, нема земја која може да остане рамнодушна на кариерата и успехот на нашата Јована“, сметаа од нејзината маична агенција. Манекенката се чини дека и понатаму ќе добива ангажмани, вчера на својот Инстаграм профил постира фотографија од ново снимање.
Нема коментари