Еден ден по инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, на 21 јануари во Вашингтон, токму на истото место на инаугурацијата се одржа голем женски марш, кој беше барем двојно поброен во однос на учесници на самата инаугурација. Идејата за маршот од Вашингтон се прошири во повеќе од 600 светски градови во САД, Велика Британија, Шпанија, Индија, Аргентина, Холандија, ама и на Антартикот и во Белград, а се претпоставува дека скоро пет милиони жени (и мажи кои ги поддржуват жените) протестирале против Доналд Трамп, против сексизмот и мизогинијата, против забраната за абортус, против расизмот и „трампизмот“, против религиозната нетолеранција и нехуманиот третман на животните, против повеќе нешта кои според протестантите се против женските права и цивилизациските придобивки.
Една работа сите ја забележаа меѓу протестантките – голем број носеа розови капчиња со мачешки уши! Од каде e идејата за ова Think Pink расположение? Идејата зошто илјадници жени почнаа да плетат розови капчиња е да покажат солидарност за женските права и против изборот на Доналд Трамп, која потекна од акцијата на Pussyhat Project, кој го иницираа 29-годишната сценаристка Криста Су и 38-годишната архитектка Џејна Цвајман, и двете од Лос Анџелес.
Су знаеше дека ќе ѝ треба капа да се стопли на маршот во Вашингтон, па како љубителка на плетењето одлучила да си направи капче кое не само што ќе ја заштити од ладното време, туку ќе делува како визуелен удар на новиот претседате и неговиот злогласен p***y коментар откриен во екот на претстедателската кампња. „Сакав да направам нешто повеќе отколку само да се појавам на маршот“, изјави Криста за „Лос Анџелес Тајмс“.
Криста подоцна ја ангажирала Кејт Којл, сопственичка на локална продавница за плетиво Little Knittery за да направат шаблон и плетењето можело да почне. На навидум едноставната капа, решиле да додадат мачкини уши. Таканаречените pussyhat капчиња алудираат на, веројатно највулгарната изјава на еден американски претстедател. Имено Трамп е снимен како вели дека неговата слава му дозволува сексулано да ги напаѓа жените и на снимката на Access Hollywood од 2005 година, на еден водител му советува дека жените треба да ги „зграби за гениталиите“ (grab ‘em by the p***y). Терминот p***y се однесува на маченце, ама и на женскиот полов орган. Меѓу другото, целта на жените е овој збор да се ослободи од дерогативната употреба.
Проектот на плетење се прошири во целиот свет, а розовата облека и розовите капчиња станаа заштитен знак на маршот, еден вид неофицијална униформа. Вашингтонскиот и другите маршеви беа масовно посетени на најпознатите личности од светот на филмот, музиката и забавата, некои од нив, како Мадона, Ешли Џад и Америка Ферара пратија моќни пораки преку своите говори, а повеќето пак носеа розови капчиња.
Во поривот да направи поделба, Трамп успеа да ги обедини сите оние кое не се согласуваат со неговата политика, не само во САД, туку и низ целиот свет. Неделниот марш стана на некој начин меѓународен ден за акција во знак на солидарност. (K.T.)
Нема коментари