Моника Лозановска и Александар Баки Милев, кои стојат зад брендот за накит „Еклектика“, авторката на украси од рачно изработена хартија Јасмина Главинче (WizArt) , креторката на додатоци од виткана бакарна жица Даниела Наумова и Елена Ристовска, која создава сребрен накит се само дел од учесниците на 11. издание на „КрафтАРТ Фест“. Базарот, кој традиционално е организиран пред новогодишните празници, ќе се одржи в недела (14 декември) во хотелот „Арка“ ( 7 кат). На настанот ќе бидат претставени раачно изработени производи на 35 македонски брендови, дизајнери и креативни занаетчии. Продажната изложба ќе биде отворенa во 10 часот и ќе трае до 20. Посетителите на фестивалот на уметнички занаети ќе можат да најдат традиционални и современи македонски, рачно изработени предмети како керамика, накит, бакарни производи, топлинки, честитки и модни додатоци. Овој настан ги претставува уникатните македонски рачно изработени производи пред широката публика и истовремено создава приход за ракотворците.
Продажната изложба на уметнички занаети е организирна од страна на МАТА (Македонска Артисанска Tрговска Организација) и хотелот „Арка“, а е подржана од Министерството за Култура на РМ. Во рамките на „КрафтАРТ Фест“ ќе се одржи добротворна продажба организирана од страна на Лионс Клубот Скопје – Светлина. Производите што ќе бидат предмет на аукцијата се донација од дизајнерите, ракотворците и креативните занаетчии, а собраните средства се наменети за добротворни цели.
На настанот ќе се претстават и следните артисани, дизајнери и производители: Лидија Марковска („Вивалди“) - современи сувенири изработени со традиционални техники; Кате Милошевска и Ивана Маневска -изработки од филц, орнаменти и моливи од рециклирани весници; Ѕвонко Спасовски („Арт студио АЈГА“) - накит и орнаменти од лејки, Магдалена Стефановска (Бамбус) со рачно работен накит во комбинација на разни техники, Елеонора Дуљанова- рачно сликани свилени марами; Ленче Тошевска ( „Брош ленд“) ќе престави модни додатоци; Џане Крешова ( Женски Форум – Тетово)- Ткаени производи; Катерина Златановска(„Позитиво“) – Рачно направени чоколадни бомбони, колачиња и лижавчиња; Ристо Ефремовски (ФамилијаЕфремовски)- производи за носење и модни додатоци од филц; Елена Ѓурчевска (Eli’s accessories)- накит и производи од мониста; Дијана Томиќ Радевска -главен производ ѝ е paper mashe; Мими Гогушева („Витрум“)-Фузирано стакло; Жени од Крушево- ќе претстават домашно направени: тарана, јуфки, слатка…; ЗДМ-традиционални сувенири и плетеници; СОЛЕМ-Дневен креативен центар за лица со посебни потреби- Door stoppers, wind stoppers, држачи за клучеви, траки за пантолони за велосипедисти, корпи од платно за саксии и друго. Дел од проект каде дизајнери на производите и графицкиот изглед се Дијана Томиќ, Зоран Рунчев и Весна Аврамовска; Луиза Милутин (Луи СТИЛ)-Фузирано стакло; Иво Наумовски-дизајнирани светлечки тела од лејки; Марија, Ивана и Елена Јовановски- филигран и лиен накито од сребро, бронза во комбинација со дрво; Весна Апостоловска- дрвени декоративни производи; Александра Крстевска- комбинација на филигрански елементи со тантела; Буба- уникатни јаки и ѓердани -комбинација на филц и мониста; „Шаде“-чанти и модни додатоци од филц; Елизабета Филц- шапки и брошеви од филц и тантела, Елена Мехмети- марами и шалови везени на машина-техника на слободна рака; LaSoy-рацно работени сапуни; Катарина Дода- филигран; Моника Станојковска -Орнаменти, декоративни производи и часовници од дрво со техника на ласерско сечење и боење ; Марга Арнаудова-кукли изработени со Амигруми техника; Валентина Манева- производи од ќерамика.
МАТА ( Македонска Артисанска Трговска Асоциацуја) e непрофитна организација основана во август 2005 год. во Македонија од страна на членови на локалниот персонал на Aid to Artisans, Inc. (ATA). MATA е формирана како одговор на потребата на дизајнерите и ракотворците претприемачи за континуирана помош во стратешките области на изградба на капацитети и застапништво, при нивниот обид за надминување на структуралните пречки во дизајнот и занаетчиската трговија во Македонија. Целта МАТА е да го поттикне развојот на дизајнот и занаетчискиот сектор во Македонија и да постигне опипливи социјални промени и придобивки за дизајнерите и ракотворците со давање на помош во развој на производ, излез на пазар и изградба на капацитети. (А.Н.)
Нема коментари