Дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска, организираат дводневна бесплатна работилница за ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ/DESIGN THINKING/ во рамките на проектот ДИЗАЈН ПРЕДИЗВИК /DESIGN CHALLENGE/.
ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ /DESIGN THINKING е пристап користен од страна на креативците низ цел свет, преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.
Работилницата е наменета за сите кои се спремни на нови креативни предизвици и заинтересирани за запознавање со основите на DESIGN THINKING методологијата, изучување на конкретни DESIGN THINKING методи, техники и вежби и искусување на целиот DESIGN THINKING процес.
Работилницата ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач од школата HASSO PLATNER D-SCHOOL од Берлин и ќе биде на англиски јазик.
Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 1 јуни. Работилницата ќе се одржи на 11 и 12 јуни од 10-17ч.
Повеќе информации и форма за апликација на www.designtatamata.com
Селектираните кандидати ќе бидат известени за учеството на работилницата.
Проектот е поддржан од Амбасадата на САД.
Нема коментари