Скопската галерија „Акантус“ сместена спроти Боемската улица во Дебар Маало од вчера до 18 јуни е домаќин на привремената продавница иницирана од дизајнерката Јана Ацевска од брендот „Капка“ и Алек Бимбилоски и Лејла Гогова од охридската концептуална продавница „Румор“. Нешто пред официјалното време на отворање „Акантус“ веќе ги пречека првите вљубеници во модата и дизајнот. На поп-апот достапни се модните креации на нашиот дизајнер со светска слава Ристо Бимбилоски, кој во моментов работи покрај Џон Галијано во Maison Margiela, потоа современиот и инвентивниот накит на Јана Ацевска, креации со потпис на Румор, и од брендови кои може да се најдат во продавницата на „Румор“ во Охрид (како на пример, уникатни свилени и кашмирни марами од WE ARE OWLS – New York, креации на лондонскиот бренд Sibling, на MONOGRAPHIE, колекцијата на SEV-Paris…).
Привремената продавница е отворена во 18 јуни, со тоа што понеделник е неработен ден на галеријата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари