Со цел да го поттикне подигнувањето на културната и модна свет во Прилеп, младата креаторка Стефанија Насеска деновиве организира моден перформанс. На настанот презентира модели од нејзините досегашни колекции.
-Креациите од различните линии ги искомбинирав меѓусебно, со идеја да ги поттикнам своите клиенти да бидат посмели при спојот на парчињата облека. Пред сè самиот перформанс носеше порака која укажува на тоа дека стилот на една личност е од голема важност, како за себе, така и во очите на другите. Пред сè добриот изглед (облека, шминка, фризура) ја поткрева самодовербата и остава подобра слика за нас кај другите. Сакам да покажам како една личност да се истакне од толпата, а притоа да не направи модни грешки-вели таа.
Перформансот се одржа во Tabu lounge bar во соработка со Тодор Тодороски од фризерското студио Capelli, поддржани од парфимеријата Yes, „Касни порасни“ и порталот 10без10. За забавата да биде целосна, за добрата музика се погрижи диџеј Марио Еди.
Нема коментари