Eтаблираниот македонски дизајнер Ненад Секирарски, по 15. пат, во вторникот учествуваше на модната недела Fashion Selection во Белград. Со неговата ревија и со презентацијата на Драгана Грнчарски, во хотелот „Хајат“ беше затворено 24. издание на српското модно случување, кое траеше од 6 април. Секирарски повторно направи спој меѓу модата и филмот. Оваа ревија вусшност беше најава за новиот холивудски филм „Одмазда на женски начин“(The Other Woman), што деновиве ќе се најде во белградските кина. Како и во филмот, каде што три жени ќе се здружат за да му се одмаздат на мажот што сите три ги изиграл и изневерил, така беше и сценатиото на самата ревија. Ненад фокусот го ставил на моќта на дамите, а тоа го претстави и преку мал сценски перформанс на пистата, каде што манекенките „нокаутираа“ маж, кој флертуваше со сите.
-Создадов коктел и вечерни фустани инспирирни од дуализмот во карактерот на жената, таа е и јака и нежна, слатка и романтична, но заводлива и со желба за владеење. Секој нејзин карактер се отсликува и во гардеробата и во деталите, како сто се накитот, слатките локни, кои некогас се и дива грива. Боите се во пастелни тонови и нежни, но со баланс во интезивните јаки тонови. Соработката со дизајнерката на накит, Анита Несторовска на вистински начин го дополни изгледот и целиот стајлинг е свеж ,комплетен и многу пролетен. Реакциите на публиката во Белград се многу позитивни и постои голем интерес на пазарот за колекцијата. Секако се чувстувам многу задоволен и среќен што една прекрасна соработка со „Мегаком“, како дистрибутери на филмот „Женска одмазда“, кој бесе и дел од инспирацијата за колекцијата покажа спој на модата и филмот како заврсница на 24-тиот „Фешн селекшн“-изјави Секирарски специјално за Stylist.mk
Нашиот креатор понуди 16 модели препознатлива за неговиот стил -елегантни, лелеави и женствени. Со колекцијата повторно патува низ времето, трагајќи по класичните парчиња што ја нагласуваат женствената страна. Овој пат се инспирирал од модните форми во 50-тите години, комбинирајќи ги со трендовски елемент. Направен е интересен избор на различни материјали и бои, кои ги спојува таа свечена, луксузна нишка.
Има палета од повеќе нијанси на розова, сина, портокалова, крем и црна. Низ моделите провејуваат цветни дезени и нежна тантела, правејќи конекција со актуелната сезона пролет-лето. Покрај фустаните и тоалетите, кои се заштитен знак за Секирарски, лансира и панталони, а им се навраќа и на своите познати кошули. Моделите се наменети за дами кои одлично се носат со годините, но и за девојки кои сакаат да ја покажат својата созреана страна.
Нема коментари