Специјалистите за боја во познатиот институт Pantone дека марсала ќе биде ит-боја за следната година – црвенкасто кафена нијанса со подтонови на розова и карамела и која името го зела од италијанското вино „Марсала“ кое се произведува близу регионот на истоимениот град. Според Wall Street Journal бојата одлично ќе се надоврзе со облеката во стилот на 70-тите години и веќе се појави на модната писта во колекциите на Дрис Ван Нотен, „Луј Витон“, Кристофер Кејн и Раф Симонс.
Институтот Pantone секоја година предвидува боја што ќе биде најпопуларна во модата, декорот и во графичкиот дизајн. Годишната најава им помага на трговците и дизајнерите да одредат што ќе биде популарно во наредната година и кои трендинг-производи ќе ги заинтересираат потрошувачите. Изборот се прави на основа на анкети на дизајнери и креативци од различни области.
-Зошто марсала?! Поседува некое органско и софистицирано чувство. Марсала е толку вкусно топло нијанса, речиси може да ја вкусите само со гледање во неа. Често се поврзува со елеганција и софистицираност и лесно може да се прифати – изјави Леатрис Ајсман, извршен директор на Pantone Color Institute. И други познавачи на модата и дизајнот рекоа дека оваа нијасна лесно може секој да ја носи, не е многу нападна боја, туку има одереден неутрален и винтиџ шмек, а и името звучи интересно.
Дизајнерскиот свет брзо реагираше на објава и веднаш понуди примери на облека, модни додатоци, мебел, накит, автомобили, кармини, лакови за нокти, предмети за уредување на домот, па и примери за свадба во боја на марсала.
Нема коментари