Откако ги освои срцата на љубителите на уникатен рачно изработен накит со ѓерданите исцртани со колоритни слики од различни градови, дизајнерката Александра Иванова ја проширува приказната со шарени пеперутка-вратоврски. Идејата за накит ишаран со слики од градовите што Иванова сака да ги посети се развила пред неколку години, а по барање на клинетите понудата ја дополни и со додатоци за мажите. Вратоврска - пеперушките се изработени од истиот материјал како и ѓерданите, кои со својата бела основа е идеален за широкиот спектар на впечатливи бои што дизајнерката го користи за пренесување на своите визии за омилените градови и места.
-Материјалот во кој ги работам ѓерданите е погоден за моделирање, значи ми дава можност да мислам и на други форми на кои би можела да цртам. Некако цртањето секогаш ми се појавува како централна точка во изразот. Па додека ги правев ѓерданите си реков можам да направам и машни-пеперутки за мажи. Додека ја тркалав идеата низ глава еден пријател, кој веќе имаше нарачано неколку ѓердани, рече дека толку му се допаѓаат цртежите што би сакал нешто и тој да има на себе со нив. Тоа беше знак за мене веднаш да направам пеперутка-вратоврски, ама од почеток, уште во самата замисла, имам за нив „голема“ слика…Тие ќе летаат низ цел свет, знам – вели Александра.
Ѓерданите и пеперутките се изработени од тенок медијапан, подготвени со сликарска подлога и сликани со фломастери, тушеви и темпера. Како и во нејзините претходин линии, моделите се збогатени со рачно изработени цртежи, со интернзивни бои.
-На пеперутките ги цртам истите мотиви од ѓерданите- градови, но има уште многу нови приказни за цртање и раскажување. Кога ги создавам овие додатоци се водам од едно чувство, „ако јас сум маж што никогаш да не сум ставил пеперутка, ваква би ставила и мислам дека овие модели ќе го охрабрат на лесен начин секој маж да си поигра со својот стил-вели таа.
Шарените вратоврски-пеперушки најмногу ги нарачуваат мажите, за себе, а често ги бараат и жените, како подарок за своите сопрузи. Интересно е што исто така и жените сакаат да ги носат.
-Бидејќи многу спонтано се изгнездија пеперутките во чекор ја моделирам целата слика за нив од изработка до пакување и толку ми се привлечни што ќе им дадам посебно внимание…Сакам да направам еден убав каталог , наскоро-вели таа.
Иванова повеќе години изработува филиграни под името „Софија филигранска“ и накит од глина со називот „Наши луѓе“. Последен пат во Скопје се престави на новогодишниот „КрафтАрт фест“ во хотел „Арка“, каде што ги промовира ѓерданите ишарани со градпви. Најголем дел од комуникацијата со клинетите ја остварува на интернет преку профилот на SofijaFiligranska на Facebook и блоговите nasiluge.blogspot.com и sofijafiligranska.blogspot.com.
Нема коментари