Лежерни, младешки и урбани се креациите што топ-моделот Миранда Kер ги носи на првите фотографии што ги сними за познатиот шведски ланец на облека, H&M. На почетокот на февруари, преку порака на „Инстаграм“, беше најaвена соработката на Кер со H&M. Таа ја промовира кампањато пролет-лето 2014. Ангажманот за овој high street бренд следува по успешните соработки на Кер со „Манго“. Таа оди по стапките на својата колешка Жизел Бундшен, со која работеа на шоуата на „Викторија сикрет“, и која исто така беше лице на H&M.
Нема коментари