Откако завршија неколкуте модни недели на балканот, вклучително и нашиот Моден Викенд-Скопје, од утре стартува Serbia Fashion Week во Нови Сад, Србија каде ќе настапува и македонскиот манекенк Мартин Митковски. Присутен на домашната сцена скоро две години, Мартин покажува дека посветеноста и одлучноста се две неопходни работи кога станува збор за моделингот. Мартин е дел од модната агенција „Моделс ИН“, каде успешно го надгради своето портфолио со голем број на ангажмани. На покана на стилистот Срѓан Швељо ќе настапува на неколку ревии и воедно беше дел од кампањата за оваа модна недела. Токму на Српската модна недела ќе настапуваат околу 70 дизајнери, кои ќе ги презентираат своите колекции во наредните 6 дена, а директор на модната недела е Светлана Хорват. Останува да му посакаме голема среќа на Мартин и да нèе изненади со некој интернационален договор.
Нема коментари