Виктор Цветановски (Victor Kaiser), Душица Петит (Shaleva Couture) и Ana Marija се трите македонски дизајнерски имиња кои се претставија вчеравечер на финалната ревија Fashion Scout SEE – Southeast Europe Fashion Showcase, со која беше отворена Белградската модна недела. Овие млади дизајнери беа избрани на првиот регионален конкурс инициран од страна на Fashion Scout од Лондон и модните недели во Скопје, Белград, Загреб и Љубљана. Победникот од ова претставување е Невена Ивановиќ (Neo Design) од Србија, во жири комисијата која го одлучи победникот покрај првиот човек на Fashion Scout, Мартин Робертс, беше и една од најпзнатите светски модни критичарки, Хилари Александар. Дизајнерката Ивановиќ како победничка во септември ќе се претстави во програмата Ones to Watch за време на одржувањето на Лондонската модна недела.
Нашите дизајнери имаа успешен настап во Белград, тројцата со различен авторски потпис претставија по неколку креации. Внимание привлекоа креациите на Виктор, кој го освои второто место на ревијата на Fashion Scout во Белград и за малку му избега учеството на модната недела во Лондон. Во Белград настапи и манекенката и водителка Мартина Михајловска која ги носеше моделите ан новото име во македонската мода, Ана Марија. После ревијата во Белград тројцата дизајнери ќе се претстават и на Моден викенд-Скопје, во недела, на 2 април, во 21 часот во салонот на „Порше Македонија“. (К.Т.)
1 коментар