Млад и перспективен, со интереси во модата, но и во архитектурата и дизајнот на ентериери, шминкерот Васе Доковски неколку години е дел од домашната сцена. Соработува со Ивана Кнез во нејзиното ателје „Драма“, работел на едиторијали за домашните списанија, ние од Stylist.mk со него се дружевме на фотосесијата со која се одбележуваат 10 години од Бата во Македонија, а покрај тоа што ни откри неколку совети, трендови и дел од неговото портфолио, ни кажа за следниот негов проект…
На 25 и 26 јуни ќе се одржиш семинар во „Кариера Плус“ на тема „Нашминкај се сама“. Како е замислена програмата, што сè ќе можат да научат девојките што ќе се пријават?
-Секојдневно запознавам девојки кои сакаат да ги следат светските модни трендови, пробуваат да се нашминкаат пристојно, вложуваат и ја негуваат нивната колекција на шминка, но имаат потреба од професионалец кој подетално ќе им ги објасни техниките и посочи вистинските производи за нив. На 25 и 26 јуни во Центарот за креативни курсеви „Карира Плус“, ќе се одржи викенд-семинарот „Нашминкај се сама“. На овој настан девојките ќе можат не само да ги дознаат сите мои тајни и омилени производи, туку и практично, со моја помош, да го испробаат наученото на себеси. Најбитното и најпроблематичното според мене е кожата и јас ќе обрнам многу внимание да девојки кои ќе го посетат семинарот да научат како да изработат совршен, airbrushed тен и да ги нагласат или поправат формите на лицето со техниките како контурирање и стробинг. Часовите со мене се секогаш забавни и добрата комуникација со курсистите ми е прироитет, што значи дека секоја девојка ќе го добие вниманието кое го заслужува и ќе може да ми ги постави сите посакувани прашања.
Како настана соработката со „Кариера Плус“? Дали ова е прво вакво иксуство за тебе? Какви ти се очекувањата?
-Јас веќе долго време сум дел од „Кариера Плус“ и испратив неколку групи на задоволни девојки, кои беа дел од курсот за професионална шминка. Овој курс трае подолго, знаењето кое се стекнува е поопширно и е наменет за сите кои сакаат да се знаимаваат професионално со шминкање. Многу девојки веќе активно работат како шминкери или се дел од реномирани салони што ме прави посебно горд.
Каква е процедурата за пријавување, какви предквалификации треба да имаат кандидатките? Како течат подготовките?
-Моето искуство покажува дека добра волја, вредни раце и позитивна енергија е сè што девојките треба да понесат со себе. „Кариера Плус“ е модерно опремен простор, кој има сè друго што ни е потребно и ни овозможува успешни и забавни обуки.Сите детали за овојсеминар може добиете на официјалниот facebook event на следниот линк: https://www.facebook.com/events/141375426266261/.
Кои се твоите најважни совети за девојките што сега почнуваат да се шминкаат?
-Број 1.Хигиената и негата на кожата се најважни, тогаш и шминката изгледа поубаво.
Број 2.Less is more! Не препорачувам full coverage шминка за млади девојки и премногу темни бои. Шминката не треба да биде маска, туку лесен, неприметен слој кој треба да изгледа што поприродно. Јас работам со многу млади клиентки кои немаат искуство со професионален make up артист или имаат страв дека ќе бидат маскирани и нема да личат на себеси. Јас сметам дека тоа е погрешно и се борам да им покажам дека со неколку трикови и лесна шминка, можат да добијат совршен ефект. Nude makeup изгледот е еден од моите омилени.
Колку време се занимаваш со мејкап? Како и кога се роди афинитетот за шминкање? Може ли да ни ја раскажеш твојата приказна со шминкањето?
-Моjaта природна дарба за цртање и изостренo чувство за пропорции ги поседувам уште од мал.Шминкањето е еден од начините на кои ја искажувам мојата креативност.Сè започна како хоби, но со текот на времето и искуството кое почнав да го стекнувам сфатив дека оваа работа навистина ме прави среќен. Од секогаш сум бил фасциниран од женската убавина и инспириран од модниот свет кој го следам религиозно.
Имаш ли посетувано некаква обука, семинар, курс или си самоук? Како се развиваше како мејкап артист и од кого учеше?
-Јас сум самоук. Интернетот и книгите се две алатки кои можат да им дадат теоретско знаење на сите оние кои сакаат да научат. Сепак, искуството е најдоброто училиште,а јас веќе седум години работам на различни креативни проекти и со приватни клиенти. Пет години од мојот живот поминав во Милано, центарот на модата и стилот и тоа беше едно од најплодните искуства за мене. Таму студирав на престижниот Istituto Europeo di Design и сум дипломиран дизајнер на ентериери што уште повеќе го изостри моето око за пропорција и го оформи мојот вкус. Во меѓувреме работев на разни модни едиторијали со искусни фотографи и модели.
Кои се твои омилени шминкери од кои си учел и ја следиш нивната работа?
-Некои од светските познати make up артисти кои ме инспирираат и ja следам нивната работа се: Mario Dedivanovic, Pat McGrath, Joyce Bonelli… Исто така, модните блогoви и youtube beauty канали се многу добри места полни со информации,искуства и совети за make up. На викенд-семинарот во „Кариера Плус“, на девојките ќе им им бидат приложени информации и насоки како и каде можат да продолжат да учат и после курсот.
Од минатата година си дел од тимот на модното студио „Драма“, водено од познатата креаторка Ивана Кнез. Како настана оваа соработка и кои се твоите ангажмани во „Драма“?
-Моjaта професионална соработка со Ивана започна пред 4 години,кога работев на нејзиниот фото-едиторијал за колекцијата Bastet, која беше изложена во рамките на Skopje Design Wеек. „Драма“ е приjaтен простор каде jaс ги шминкам моите клиентки и сите „Драма“ девојки кои сакаат да добијат целосен изглед на едно место и да се препуштат на вистински професионалци. Имаме одлични пакет услуги за комплетен стајлинг.
Може ли да ни открие кои се главни тенденции во шминката за пролет-лето 2016?
Следејќи ја светската модна и celebrity сцена, моите омилени топ 3 трендови за пролет-лето 2016 се:
1.Електични зелени/сини очи
2. Бронзени, седефасти, кафени тонови
3.Vampire усни
Дел од портфолиото на Васе Доковски:
Нема коментари