По фамата што се крена по објавувањето на првите фотографии од новата кампања на креаторот Марк Џејкобс со проблематичната поп-ѕвезда Мајли Сајрус, деновиве беа обелоденети останатите промо-материјали. Пејачката е заштитно лице на колекцијата пролет-лето 2014 на својот пријател Џејкобс. Во сесијата таа носи модели со принтови, со ретро костимографски крој, креации во војнички стил порабени со вез, кој потсетува на рускиот фолклор. Во сесијата снимена на плажа, Мајрус изгледа мистично и моќно.
Нема коментари