Како што веќе најавивме пред неколку дена популарната манекенка Кендал Џенер е новото заштитно лице на Mango, а по првата објавена фотографија, шпанскиот бренд го презентира „Племенскиот Дух“, првиот од четирите трендови кои ќе бидат прикажани во рекламните кампањи за пролет-лето 2016. Брендот ги соопшти вестите по известувањето за новата стратегија на компанијата, базирана на концептот на Fast Fashion и лансирањето на различни адвертајзинг кампањи секој месец, претставувајќи го моменталниот тренд, заедно со заштитното лице кое го дефинира истиот. За оваа прилика компанијата се ослони на познатата американска манекенка Кендал Џенер за да ја претставува колекцијата на несопирлива убавина и културна фузија, карактеристична за најдивите савани.
„Племенскиот Дух“ е февруарски тренд инспириран од етно мотивите. Комбинацијата на материјали со принт и антилоп го оживува природниот карактер на обичниот тренд за време на летната сезона. Експлозија на земјени нијанси, со бои како сенф, кафени и песочни тонови се комбинираат со изобилство на модни додатоци за да се создадат комбинации со племенски влијанија и слободен дух.
За колекцијата и нејзината последна соработка, Кендал вели: „Почестена сум што ме избраа да го претставувам делот на „Племенски Дух“ од колекцијата. Уживам да ги носам парчињата, материјалите и формите – навистина ја отсликуваат привлечноста на природата од која е инспирирана колекцијата. Сликите кои ги направивме на сетот ги рефлектираат природните нијанси, истовремено покажувајќи убави и маркантни парчиња! Снимањето беше навистина одлично и работењето со целиот тим на Mango беше неверојатно искуство!“
Редовно на врвот на модните писти, Кендал има соработувано со брендови како „Шанел“, Ботега Венета, „Фенди“ и „Живанши“, како и многу други. Кон крајот на 2015 година, беше именувана за највлијателната девојка во светот во магазинот Time, заедно со нејзината сестра Кајли.
Нема коментари