Супермоделката ретко дава интервју, но во новото издание на дигиталниот магазин The Edit ексклузивно ја отрки новата колекција што ја дизајнира за францускиот бренд The Equipment и раскажа за воспитувањето на нејзината ќерка Лајла. Мос кажа дека е доста строга во однос на другите родители, но и призна дека засега ќерка ѝ не е многу заинтересирана за модата. Сепак, ѝ чува некои модни парчиња и ѝ купила стар фустан од Ози Кларк специјално за неа. „Ќерка ми мисли дека изгледам смешно“, признава за тоа дека Лајла не е фасцинирана од нејзиниот стил.
Кејт Мос во моментов ја промовира колекцијата што ја дизајнира за The Equipment составена од кошули со точки, ѕвезди и со леопардов принт, кратки џемпери, црни фармерки, војнички јакни, ѕвонести панталони и со шара инспирирана од молња-симболот на Дејвид Боуви. Таа открива дека за The Equipment дознала од нејзиниот тогашен дечко, музичарот Џејми Хинс, и често му ја крадела неговата облека од овој бренд. Подоцна ќе почне да соработува со брендот на кампањи, а сега и како дизајнер на капсулна колекција.
Манекенката призна дека била шокирана од смртта на Дејвид Боуви со кого има соработувано на фотосесии, а позната сe и нејзините насловни страници за Vogue на кои е стилзиирана како Боуви. Зборувајќи за Боуви, вели дека неговата поддршка многу ѝ значела и дека редовно ѝ честитал роденден. „Знаев дека секогаш ми го чува грбот. Постојат луѓе кои секогаш веруваат во тебе, што не им гајле што другите мислат за вас. Боуви беше еден од нив. Ако прочиташе нешто за мене во медиумите знаеше да ми се јави и ме праша дали сум добра. Си велев, сè е во ред кога Боуви ме сака, баш ми е гајле за другите“, изјави Кејт. Два дена пред неговата смрт на некој настан носела чизми во стилот на Зиги Стардаст, и некој ја прашал дали ги избрала затоа што на Дејвид му е роденден. „Тогаш му пратив видео со лист хартија на кој пишуваше Среќен роденден ДБ, не знам дали ја доби пораката…“
Кејт сними и мала улога во филмската верзија на славната британска серија Absolutely Fabulous, чија премиера ќе биде наскоро. (K.T.)
Нема коментари