Популарната пејачка Каролина Гочева стана амбасадор на убавина на козметичкиот гигант Avon, а соработката ја најави преку објавувањето на рекламната фотосесија на својот профил на „Фејсбук“. Фотографиите се направени пред неколку месеци во Варшава, а Каролина позира во неколку стајлинзи и со различна шминка. Со ова Каролина стана дел од семејството на познати ликови кои се заштитни лица на Avon, како Салма Хајек, Оливија Вајлд, Рис Витерспун, Меган Фокс и актерката Катарина Радивојевиќ за Србија. Според информацијата објавена во дневниот весник „Вест“, ова е прва соработка на „Авон Македонија“ со познато лице, партнерството се однесува на периодот од септември 2015 до септември 2016 година, а наскоро македонската канцеларија на Avon ќе претстви повеќе детали за ангажманот на пејачката во служба на брендот. Каролина на „Фејсбук“ објави неколку фотографии што ќе се најдат во каталозите на Avon, како и слики од атмосферата од снимање во Полска.
Нема коментари