Македонската успешна манекенка Елена Трајановска ја имаше честа да ја затвори ревијата на јапонскиот дизајнер Мотохиро Танџи, препознатлив по плетени креации, во рамките на актуелната модна недела во Токио. Елена како модел на познататa светска агенција Women некое време престојува во Токио, а веќе сработи неколку фотосесии и модни ангажмани.
Нема коментари