Еден од последните проекти на нашиот интернационален модел Јована Нешова беше кампањата за козметика на брендот Bleu Nuit сработена за време на тримесечен престој во Шангај и Кина. Со огромен тим на луѓе и снимање на девет различни локации, фотографот Вубин успеа да ги долови магичните моменти и да ја представи кампањата за сезоната што следи. Дел од оваа кампања е превземена и од престижното кунеско издание на Vogue. Стајлингот и комплетната шминка му беа доверени на азискиот артист Ронг Ронг.
Инаку, Јована Нешова ја застапува Моделинг Скаутинг Офис (MSO) од Белград во соработка со нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје. Јована е препознатлива во јавноста како Лице на Годината за Македонија за 2015 година.
Оваа кампања на Bleu Nuit изработена од врвен тим на професионалци уште повеќе ѝ ги отвора вратите на нашата Јована во светот на модната индустрија каде продолжува достојно да не претставува.
Нема коментари