Оскаровката Џенифер Лоренс блеснува во новата кампања на модната куќа „Диор“. Фотографиите, на кои дваесет и тригодишната актерка ги презентира новите чанти на Miss Dior, ги сними Патрик Димаркилиер. Принтаните фотографии првпат ќе се појават во априлскиот број на Vanity Fair. Лоренс стана заштитно лице на Диор во 2012 година, а изминатиот период светските медиуми јавија дека таа ќе потпише милионски договор на три години со компанијата, што би ѝ донело заработка помеѓу 15 и 20 милиони. Таа, како и изминатите две години, во иднина ќе се појавува на црвениот килим во креации на „Диор“.
Нема коментари