Креативката Андријана Андреева, која твори под псевдонимот Ани Соро, ќе отвори изложба на накит на 18 декември во 19 часот во галерија „Ко-Ра“ (Дом на градежници) во Скопје.
Ова е нејзина прва самостојна изложба и не случајно е со тема „Стимпанк“, кој е обоен протест против незапирливиот технолошки развој, смог и глобално затоплување наспроти пареата (steam) која придвижувала толку многу. Оваа изложба праќа силно еколошки освестена порака.
Андреева родум е од Скопје , а со изработка на филиграни се занимава од 2009 година.
Нема коментари