Виктор навидум не се разликува многу од своите врсници. Со бејзбол капче, маичка со суперхерои и фотоапарат в раце-тој е типичен претставник на својата генерација. Но, ова 17-годишно момче, за разлика од многумина на негова возраст сам си го заработува џепарлакот и добро знае што сака да работи во животот. Своето слободно време, кога нема за учење, го посветува максинално на фотографирањето. Така, за кусо време неговото хоби стана професионалан окупација. Зад себе има работна биографија на која може да му подзавидат повеќе долгогодишни модни фотографи. Има соработувано со повеќе наши познати дизајнери како Никола Ефтимов, Ирина Тошева… Фотографираше за Bastet Noir, StyleFiles.mk и Моден викенд-Скопје, а пред неговиот фотообјектив се појавиле дел од најанжаираните модели, меѓу кои и Елена Трајановска, чија фотосесија Наумовски ексклузивно ја споделува со Stylist.mk.
>>Твои фотографии во неколку наврати беа објавени во италијанското онлајн издание на модниот магазин Vogue. Како дојде до овие објави и што значи ова за тебе и за твојата кариера, како се чувствуваше кога ги виде постовите?
-Сосема случајно дојде до објавите. Уште многу одамна го следев италијанското издание на Vogue, особено рубриката PhotoVogue во склоп на нивното онлајн издание. Станува збор всушност за еден вид на социјална мрежа за фотографи од секоја возраст и држава преку која Vogue ги открива новите лице што мисли дека имаат потенцијал во иднина да бидат дел од бизнисот. Се прави акаунт и секој што смета дека има доволно добри фотографии може да си ја проба среќата и да ги прати. Потоа, тимот што работи на едиториалите и уметничка дирекција во списанието ги прегледуваат и одбираат што од тие може да се појави на страната, додека секоја фотографија пто не е прифатена не се објавува и се брише. Првата фотографија, која сосема неочекувано ми беше прифатена, ја пратив на 21 ноември 2011 година. Пред тоа, како и до ден денес, редовно праќам фотографии. Иако не е лесно да ги прифатат, бидејќи индустријата констатно се менува и бара нови и свежи идеи, можам да се пофалам дека досега во портфолиото на PhotoVogue имам пет фотографии.
>> Како и кога беше реализирана фотосесијата со една од нашите најуспешни манекенки со интернационална кариера, Елена Трајановска, дали беше наменски за Vogue или за друга намена?
-Дента кога сликавме Елена ми беше дојдена на гости и сосема случајно ни текна да си направи две топки на глава… Сликавме 15-20 минути и еве што излезе од тоа.
>> Елена често се појавува во твои фотосесии. Што би кажал ти за вашата соработка, каква е Елена како модел?
-Со Елена се знаеме од многу одамна. Таа ми е една од најблиските пријатели. Можеби дека се знаеме толку долго и приватно се дружиме веќе знаеме за што сè сме способни и доволно добро го знаеме меѓусебниот стил. Досега имаме сликано многу многу пати, а соработките ни се случувале најспонатно. Секогаш пробуваме да си поставиме нови предизвици и да ризикуваме, и како млади луѓе заедно да собираме искуство, да стануваме се подобри и да се поддржуваме секогаш. А за Елена имам само пофални зборови, таа е закон човек, пред сè, вредна е и никогаш ама баш никогаш не се откажува и напорно работи за да си ги оствари желбите.
>>Иако сè уште си средношколец, имаш доста професионални ангажмани и тоа со голем број на наши познати креатори, модни куќи…Кои досегашни проeкти би ги издвоил како највпечатливи и од кои најмногу си научил?
-Како најголем предизвики еве, би можел да го издвојам проектот Lab Rat. Можеби зашто тогаш за прв пат освен модел имав и стаорец на сликањето. Сликите беа за моето портфолио и знаев дека можам да експериментирам до тој степен. На еден мој другар што чуваше стаорец како милениче му кажав за што се работи и ако може да ми го позајми. Беше тешко, стаорката Бела беше многу уплашена, цело време мрдаше и ги затвараше очите, но на крајот ја добив фотографијата што долги години нема да мрдне од портфолиото! А ако морам да одвојам проект од кој најмногу сум научил, било фотографирањето за есенската колекција на Никола Ефтимов, Os filhos de Vênus. Сликањето беше доста долго, но во ниеден момент не почувствував замор. Целиот тим беше целосно посветен и цело време се чувствував како да дознавам по нешто ново не само за фотографијата, туку и за уметноста во глобала.
>>Како и кога почна твојата фотографска приказна, кој ти ја вдахна љубовта кон фотографирањето, кога ги направи првите фотографии…
-Сè се случи најмногу од љубопитност, како детска игра. Се сеќавам, коа бев мал сегде и сè цртав, дури и по ѕидови дома, а фотоапарат за прв пат со намера земав на 11-12 години. Сето тоа тогаш беше ново за мене и само трчав наоколу и штракав, не дека нешто од тоа беше осмеслено или пак успешно ама сепак фино се чувствував. Фотографирав баш сè: пејзажи, мртва природа, по дома секој што ќе дојдеше и на секоја слика ѝ се радував. По две години, кога почнав повеќе да се интересирам почнав и да истражувам, листав портфолиа на фотографи по цел ден и се восхитував на сè што ќе видев, почнав да си поставувам предизвици и да експериментирам сам и оттогаш константно пробувам да работам на развивање на сопствен стил и усовршување на моите способности. Во суштина сум самоук, но пред две години посетив еден курс под менторство на нашите познати фотографи Ани и Дими и морам да признаам дека научив многу работи кои пред тоа не ги знаев и се стекнав со повеќе искуство.
>>Кој беше пресуден момент да почнеш професионално да се занимаваш со фотографирање. Кој те поттикна, инспирира или најми првично?
-Сериозно почнав да се занимавам со фотографија во моментот кога решив дека сакам да работам со луѓе. Мислам дека работата со луѓе нуди безброј можности. Способноста да се долови убавината и емоцијата, дури и на крајно спонтан момент, е мошне моќна работа! Инаку, мојот прв професионален ангажман беше лукбук каталог за колекцијата пролет-лето 2012 на дизајнерката Ирина Тошева. Беше многу забавно, и целиот тим помогна за да се добие успешен производ. Тоа што посебно ме привлече да се занимавам со модна фотографија е фактот што оваа (модната) индустрија постојано се менува, а со самото тоа најголем предизвик е да бидеш константен, да напредуваш и да можеш постојано да работиш на себе со цел да си што поуспешен. како што кажав погоре, најмногу од се мразам да одам на сигурна варијанта, а модната фотографија овозможува ризикување и експериментирање до бескрај.
>>Претпоставувам, имаш свои идоли и професионалци на кои им се одушевуваш и од кои учиш за модната фотогарфија? Кои се тие?
- Откако почнав па сè до сега, има голема група на фотографи кои ги следам од кои би го издвоил David Sims, Ellen Von Unwerth, Annie Leibovitz и фотографското дуо Mert и Marcus. Сите се иновативни и креативни, вредни луѓе знаат точно што сакаат да постигнат и растураат во индустријата, а што е најбитно од се имаат свој специфичен стил кој го негуваат и надоградуваат.
>>Дали наидуваш на предрасуди заради твојата младост. Колку им пречи или им се допаѓа тоа на луѓето со кои соработуваш?
-Тоа што сум млад колку што може да помогне, толку може и да одмогне. Од една страна може сум нов талент, полн со желба да станува што подобар и спремен да го даде максимумот во секое сликање вложувајки 100 отсто љубов, но од друга страна можеби немам доволно искуство и технички не сум доволно образован во споредба со професионалци што го работат ова со години и заработуваат за живот. Поради тоа работам напорно и се обидувам да соработувам со што повеќе креативци за да се стекнам со повеќе искуство, нели. Исто така многу обрнувам внимание на тоа да ги почитувам сите соработници, луѓето за кои работам и да се почитувам себе си бидејќи ако тоа го видат и другите ќе стекнат поголема доверба и ќе бидам сфатен сериозно и професионално што исто така е многу битно во индустријата, без разлика на годините.
>>Паралелно со фотографирањето ти одиш и на уличиште, во гимназијата „Никола Карев“ . Како успеваш да ги синхронизираш сите обврски? Имаш ли разбирање од професиорите кога си повеќеангажиран?
- Ученик сум во трета година на јазично-уметнички смер. Да бидам искрен, тешко е да се синхронизираат и двете нешта, но сепак образованието ми е приоритет и сега за сега можам да кажам дека супер се снаоѓами и сите обврски ги завршувам на време. Мило ми е што се запишав во гимназија каде навистина многу се почитува уметноста и креативноста, и каде професорите имаат разбирање кога станува збор за тоа.
>>Колку твоето семејство и твоите пријателите поддржуваат во твојата заложба дасе бавиш со фотографирање?
Искрено мислам дека имам огромна среќа што ги имам родителите и што ги имам стекнато досегашните пријателства. Иако моите родители и поширокото семејство не се занимаваат со уметност сепак сите многу ја почитуваат уметноста и ми се најобјективните и најстрогите критичари. Стојат позади мене гордо и секако се радуваат на секој мој успех. Пријателите што ги имам се најзакон луѓе во светот, имаат разбирање и секогаш се расположени за да ми дадат совет, да ми посочат други инспиративни уметници и да помогнат кога е потребно.
>>Што најмногу сакаш да фотографираш покрај модели и модни парчиња?
-Покрај модната фотографија многу сакам да сликам и архитектура. Тоа е едно од нештата што многу ме инспирира. Мислам дека преку архитектурата може многу да се научи за пропорција, композиција и светло и секако форма.
Нема коментари