За многумина Кери Расел веројатно сè уште е симпатичната Фелисити – ликот од истоимената серија што се емитуваше од 1998 до 2002 година. Иако изминатите 12 години сними други проекти, несомнено „Фелисити“, која ѝ донесе светска слава, сè уште ѝ ја одбележува кариерата. Има врска дури и со нејзниот голем скок од ТВ-серии и помали филмски проекти во холивудски блокбастери. Таа ја толкува главната женска улога во второто продолжение на возобновениот кино-хит „Планетата на мајмуните“, чиј режисер, по некоја случајност, е еден од авторите на „Фелисити“ – Мет Ривс. Желен повторно да соработуваат, тој ја ангажира во филмот кој истовремено значи и негов голем премин во големата холивудска лига. Ангажманот на Кери Расел во филмот „Планета на мајмуните – Револуција 3Д“ на 20th Century Fox, потсетува дека филмот, покрај битките и спактакуларните сцени, исто толку е и приказна за срцето, сочувството и е интимната „човечка” драма. Расел во филмот ја донесе својата ведра и прониклива појава, која ја видовме во низа успешни филмови како „Келнерката“ и „Август Раш“, но и мрачната и драматична страна како во трилер-серијата „Американците“.
Во „Планета на мајмуните – Револуција3Д“, чија македонска премиера е утре (17 јули) во скопското кино „Синеплекс“, покрај Расел играат Гери Олдман, Енди Серкис и Џејсон Кларк. Растечката нација генетски еволуирани мајмуни, водени од лидерот Цезар, ѝ се заканува група луѓе кои го преживеале убиствениот вирус десетина години порано. Двете страни постигнуваат „кревок“ мир, но само до моментот кога ќе бидат доведени до искушение, до работ на војната и до конечната одлука, кој ќе биде доминантен вид на планетата Земја…
Интервјуто, кое е обезбедено од MCF MKD, е реализирано во два наврата, на сетот во Њу Орлеанс во јуни 2013 и во април оваа година во Лос Анџелес.
>> Кажете ни повеќе за ликот што го толкувате во „Планета на мајмуните – Револуција“, Ели?
- Јас сум еден од преживеаните луѓе што останале по погубниот грип, и сум девојка на Малком (Џејсон Кларк), кој е главниот лик. Ели е единствената девојка го оваа група со момци, која заедно со нив се обидува да се спаси себе си и цивилизацијата, да ја врати моќта и заминува на авантура.
>>Дали сте на лекар на групата, во што се состои Вашата задача?
- Јас сум медицинското лице во тимот. Сите луѓето во оваа приказна, на некој начин се скршени, ранети, ги изгубиле сите свои блиски. Тие треба да ја преживеат кризата. Приказната тргнува од оваа точка. Ели е медицинска сестра која беше вклучена со ЦКБ (Центар за контрола на болести] за време на борбата против вирусот и е во врска со Малком, со кој има некој вид на семејство што го вбројува и неговиот син. Искуство на Ели во светот на медицината и нејзиното познавање на болеста и она што се случи, исто така, создава нејзината поголема емпатија кон Цезар (Енди Серкис). Откако ги видела мајмуните била изненадена, но мислам дека таа не е толку уплашени како другите луѓе. Мислам дека таа само е зачудена што се случува, но не се плаши, и сметам дека тоа ѝ помага да се справи со Цезар.
>>Колку бевте импресионирана од актерите во „Планетата на мајмуните – Револуција“?
- Беше неверојатно да се гледа како Енди Серкис го игра мајмунот Цезар. Да се почувствува неговата ранливост… Неговото портрерирање на Цезар е благородно, алтруистично и многу силно. Лесно да се приврзеш со него. Тој е прекрасен актер. Навистина е.
>>Дали во Вашите заеднички сцени имавте чувство дека Енди, и покрај фактот дека е облечен во сив скафандер, е шимпанзо?
-Мислам дека со него бев поврзана како личност, бидејќи сцените се повеќе врзани со преживување, безбедност и големим непосредни нешта како љубовта, заштитата на своето дете. Тоа се човечки, универзални идеи. Така се поврзав со него, и знаете, тој е толку добар и е внесен во ликот што те внесува во приказната и од тоа излегоа навистина убави сцени.
>>Какви впечатоци имате од соработката со Гери Олдман?
- Неверојатни, па тој е Гери Олдман! Тој е толку прекрасен, добар и интересен…. Тој е главно заинтересиран за живот и мислам дека токму тоа го го прави толку голем актер.
>> А како беше да се игра со момците што го толкуваат Вашето семејство во овој филм, Џејсон Кларк и Koди Смит-Мекфи?
-Тие се прекрасни, никогаш не се напуштивме за време на филмот. Ми се допаѓа таа одлука на режисерот Мет (Ривс) да не се разделуваме, бидејќи во позадина на приказната имало толку многу насилство, страв и се случиле многу лоши работи, по што, едноставно, приридно е да сакаш постојано да сте заедно, па се движевме како група. Претпоставувам декакога ќе изгубите сè што е вредно во вашиот живот, се држите цврсто до тоа што останало и не сакате да ги испуштите од вид тие што ви се драги. Кога конечно ќе дојдете до некое место каде што нешата се добри, повторно има реален страв да ги пуштите да заминат некаде каде што има сè уште опасност.
>>Дали бевте единствена девојка во актерката екипа?
-Да, јас сум едиствена жена од делот што ги играат луѓето во цел филм. Опружена сум со момци, па така имаше доста машки муабети за автомобили. Коди само што наполни 17 години и сите момчиња му сигерираа да си купи кола, па се дискутираше која марка, боја, која е кул, кој мотор е добар… Така, времето ми помина во читање книги… Но тие се добра група: Џејсон е одличен, Коди сто така. Мислам дека тоа е кул кај Мет Ривс – што ги најми овие луѓе кои не се нужно големи актери од летни блокбастери. Мислам дека да беше поинаку немаше ни јас да бидем во оваа екипа, не постои начин јас ќе бидам во овој филм поинаку.
>>Со Мет Ривс имате изоден долг пат, нели?
-Дефинитивно, минаа речиси 20 години. Тоа е долго време и тоа е лудо. Со Мет Ривс и Џеј Џеј Абрамс пред многу години ја снимавме серијата „Фелисити“. Тие ја напишаа пилот-епизодата и заедно делумно ја реализираа, иако Мет беше главен режисер. Тоа беше само едно од оние искуства каде што целиот тим се надополнува и после тоа барате некои нови проекти за да може повторно да соработувате. Си се допаѓавме меѓусебно. Ја почитувам и ценам работата на Мет. Бев во потрага по некој проект на кој би можеле да соработуваме , па така кога излезе овој филм веднаш реков океј.
>>Како Мет ти ја „продаде“ улогата на Ели и како помина соработката овој пат?
-Знаете, немав пораснато гледајќи ја „Планета на мајмуните“. Но тој доста ми кажуваше за тоа колку овие филмови му значеле додека бил дете … и сега ја снима оваа годлема франшиза кон која многумина се емотивно врзани. Милам дека Мет е интересен избор за снимање на овој голем, летен филм. Ми се доапаѓа начинот на кој тој ја раскажува приказната за двете цивилизации кои единствено сакаат нивните семејства да преживеат, и што се случува кога не си веруваат едни со другии кога си се меѓусебна закана. Всушност, тоа е приказна што ја слушаме постојано во вестите и мислам дека неговата верзија е доста интересна и многу хумана. Тој е многу чувствителна личност за да направи еден ваков филм, затоа бев многу заинтересирана… Мисла мека одлично си ја заврши работата, тој е навистина посебен уметник. Тој беше многу позагрижен за емотивната страна на приказната и мислам дека тоа е добро за еден голем летен филм. Тој ги застапува реалноста и вистината и сметам века тоа излгува на површина во филмот. Не е сè во кадрите со џиновските хеликоптери, туку беше загрижен за изведбата на Енди и за тежината што Цезар ја чувсвтува. Овој филм е многу повеќе за мајмуните и како тие преживуваат и тоа сè низ очите на Цезар. Мислам дека во приказната во ниеден момент луѓето не се во преден план, ова е шимпанзо-центричен филм.
>>Како би го пишала стилот на режирање на Мет?
-Доста е визуелен, што многу го почитувам. Мислам дека нештата сè уште може да бидат убави. Ми се допаѓаат бегствата, да видам малку уметност и мислам дека Мет навистина внимава на тоа. Тој вистински се интересира за просторот што луѓето го окупираат кога тие се неверојатно чувствителни, но не сентиментално, само им е многу тешко. И тоа на некој начин ви го крши срцето. Мислам дека тоа е просторот што тој го зафаќа и е заинтересиран во сите негови филмови. Овие навистина чувствителни луѓе само се обидуваат да се спасат и тоа да го направи најдоброто што можат, да се обидат да ја направат вистинската работа и бидат храбри.
>>Кога зборуваме храброста, како Вие се справивте со сите физички предизвици на разните локации на снимање?
-Тоа беа прилично тешки, луди сцени со качувања на ридови сред ноќ. Во Ванкувер беше многу студено и влажна, но неверојатно. Шумите беа прекрасни, многу ми се допаднаа. Тоа беа фантастични локации и не ми се веруваше дека ги донесоа сите тие гигантски 3Д камери таму, на тие мали патеки. Тоа беше навистина кул…Иако иамаше потешкотии, како многу стодено време во Ванкувер или спарина во Њу Орлеанс, каде што се препотувавме. Сепак, двете места имаа свој шарм. Природата во Ванкувер беше прекрасна, а Њу Орленас е одушевувачки град.
>>Дали гледајќи ги колегите што ги толкуваа мајмуните, опркружени со технологија, доби желба и ти да пробаш да играш слична ролја. Не мора да биде шимпанзо, но може некој вонземјанин и ли некој друг научнофанатстичен лик?
-Мислам дека тоа е многу специфична задача и целиот процес е доста предизвикувачки. Но, има луѓе како Едно, кои навистина се вклопуваат и се одлични. Ги набљудував и им се одушевував…Има нешто посебно и специфично што ме интригира во таа работа.
>>Со оглед на тоа што приказната се случува една декада по претходниот филм, дали сметаш дека ова е повеќе научнофантастичен проект од „Подем на Планетата на мајмуните“?
-Всушност не. Впечаток на мојата маленкост е дека ова е поепски и поубав филм. Ова е пореалистичен филм, емотивно порелевантен. Ова е филм за преживување, за згрижување на своите деца на двете страни. За Малком-човекот и за Цезар-шимпанзото, за грижата за нивните синови. Сите сакаат само да преживеат и мислам дека е помалку е научна фантасика и повеќе е хумана приказна.
>>Значи не се чувствувавте како да глумите во футуристички филм?
-Не. Приказната е сметена во идината, но без струја и многу е поедноставна. Мислам, се чувтвував како да сме биле на кампување, знаете? Во меѓувреме, ќе го видите филмот и ќе сфатите дека сè е за роботи и за компјутери и ќе речете „За што зборуваше таа, целата работа е Sci-Fi!” [Се смее]
Нема коментари