Не требаше да помине многу време откако креативниот директор на куќата „Баленсијага“, Демна Гвасалија го најави враќањето на сивото карирано палто во својата колекција за есен -зима 2016/17, да стане едно од најносените модели во уличната мода. Ова палто изминатите неколку месеци го носеа дел од најпознатите модни блогерки и трендсетерки, како Мирослава Дума, Кристин Сентинера, Кејтлин Хем и Пернил Тајсбек.
Со стилска модификација, еден од најголемите трендови од 80-тите години се најде и во пролетните колекции на high street брендовите како „Зара“, H&M и „Страдивариус“. Ваков модел носеа модните трендсетерки Леандра Медина, Наташа Голденберг и други. Покрај палтото со нагласени рамена, понудени се и миди-здолништа и панталони со машки крој со кариран или со пепито дезен во комплет со палтата.
Палтата може да се носат во елегани стајлинзи со бели, сини и розови кошули, и класични здолништа или долги панталони. Една од најносените варијани е со фармерки и со маичка по кратки ракави. Ви преставуваме неколку идеи како да го носите сивото карирано палто.
Нема коментари