Македонскиот дизајнер Зоран Гаревски повеќе од две децении живее и успешно работи во Љубљана каде што важи еден од најкреативните и најдобри дизајнери во Словенија. Своевремено работеше за „Рашица“ и „Мура“, облекуваше видни личности од тамошната јавна сцена, а подолго време дизајнира за своја етикета, работи како костимограф и стилист. Пред две недели имаше своја ревија во рамките на Љубљанската модна недела за колекцијата наречена „Фатени“. Но други моменти натежнале во неговиот живот. Гаревски се бори со тешка болест, а поддршка му понудија неговите колеги и уметници кои вчера организираа хуманитарна модна ревија на која се собрани над 10.000 евра, а според негова желба наменети за домот во кој што во моментов престојува. Во чест на дизајнерот кој многу го почитуваат 34 дизајнери се претставија со уникатни модели под слоганот „Некогаш, негде…“. Го поздравуваме овој чекор и на Гаревски му посакуваме секое добро.
Нема коментари