Во паузите помеѓу две ревии на Миланската модна недела се случи нова хуманитарна гала вечер на amFAR, во згрaдата на институот La Permanente и на која се собраа средства наменети за борба против сидата. Еден од домаќините на настанот што по седми пат се одржува во Милано беше дизајнерот Кенет Кол, член на одборот на фондацијата amFAR, гостите ги забавуваше Деби Хари и „Икона поп“, а славните личности прошетаа на црвениот килим заедно со модни дизајнери. За време на забавата се купуваа разни предмети, а парите што беа собрани вечерта – 7 милиони долари – одат во фондот на amFAR. На настанот се појавија Наоми Кембел, Хајди Клум, Сиaра со новиот дизајнер на Роберто Кавали Питер Дандас, Алесандра Амбросио во друштво на браќата Кејтен од DSquared2, Донатела Версаче и Франка Соцани од Vogue Italia.
Нема коментари