Вера Ангелакова и Искра Младеновска, две млади студентки по моден дизајн ги знаеме по нивниот блог, Aesthetics Illustrated, сега заедно под името на блогот ја претставија првата колекција Hybrids („Хибриди“) на модна ревија во рамките на BAFE во Белград, модна манифестација посветена на младите дизајнери од регионот. Нивната колекција во црно–бела боја нуди алтернативни решенија во кроеви и форми, во неа доминираат проѕирен пластичен материјал и еколошко крзно, а ревијата продефилираа модни близначки, односно две манекенки облечени во еден фустан.
-Иницијалната инспирација доаѓа од светската митологија, каде често наидуваме на херои чии тела се претставени како микс од повеќе ентитети, што секако си носат своја симболика. Точка на истражување и инспирација ни беше и ноќната пеперутка која влијаеше на колор картата, изборот на материјалите – винил и транспарентна мека пластика, користењето на еколошкото крзното како текстура и на изборот на ревијалната шминка и фризура – ни објаснија дизајнерките Искар и Вера.
Отркија дека колекцијата Hybrids не е ограничена со сезони, туку претставува збир од несекојдневни парчиња облека создадени под еден концепт, „со што тежнее кон концептуално претставување, правејќи блур меѓу модата и уметноста“.
Нема коментари