Минатата 2015 година беше во знакот на превирања во модните куќи, откази на креативните дирекори, се чини дека и во оваа 2016-та ќе има турбуленци на модната сцена – последната вест од Париз вели дека Хеди Слиман го напушта брендот „Сен Лоран“. Така барем тврди Daily Front Row. Гласините велат дека за време на празниците дизајнерот Слиман си замиминал од „Сен Лоран“ поради креативни разлики. Од ПР службата на брендот на почетокот одговараа само со реченицата „Без коментар“. Но, по неколку часовно манипулирање со веста која подоцна се појави во повеќе модни публикации, од „Сен Лоран“ ја негираа гласината. „По неодамнешните дизајнерски заминувања, се појавија многу гласини и шпекулации. Оваа вест е само уште една гласина“, соопштија од модната куќа. Daily Front Row наседна на гласина, иако се работи за релевантен медиум.
Слиман во куќата дојде во март 2012 година на местото на Стефано Пилати. Иако на почетокот беше критикуван затоа што направи ребрендирање и го исфрли името Ив од името на модната куќа основана од Ив Сен Лоран, сепак за кратко време доживеа успех и покрај по малку контроверзните гранџ колекции со потпис на луксузен бренд, успеа да обезбеди зголемување на продажбата на брендот. Гласините за заминувањето на Слиман доаѓаат по излегувањата на неколку дизајнери од престижните модни куќи – Албер Елбаз од „Ланвин“, Раф Симонс од „Диор“ и Александар Ванг од „Баленсијага“. (К.Т.)
Нема коментари