Париската модна куќа „Луј Витон“ и креативниот директор Николас Гескиер пронајдоа совршено место за прикажување на следната ресорт колекција – футуристичката куќа на познатиот американски комичар, водител и пејач Боб Хоуп и на неговата сопруга Долорес во Палм Спрингс, Калифорнија. Дизајнерот Гескиер вели дека е посебно инспириран од изгледот на имотот. На ревијата на „Луј Витон“ закажана за 6 мај, треба на едно место да соберат околу 400 гости, плус луѓето од организацијата, манeкенките и сите останати што ќе работат на проектот.
Домот на Хоуп во облик на вселенски брод важи за една од највпечатливите модернистички градби во Калифорнија и пошироко, а е дело на генијалниот архитект Џон Лаутнер. Инспириран од вулкан, Лаутнер ја дизајнирал куќата во 1973 година, а градењето на чудната градба со флуиден бетонски покрив со дупка на средина е завршено во 1990 година. Во подоцнежните фази од финиширањето и декорирањето, Лаутнер се дистанцирал од проектот, бидејќи тогаш семејството почнало да внесува свои декоративни идеи и да ја компромитира почетната идеја на дизајнот. По смртта на Боб Хоуп, куќата е ставена на продажба за фантастични 50 милиони долари, но иако цената е неколку пати намалена, сè уште нема заинтересиран купувач. На ревијата на „Луј Витон“ закажана за 6 мај, треба на едно место да соберат околу 400 гости, плус луѓето од организацијата, манкенките и сите останати шро ќе работат на проектот.
1 коментар
opaaaaaaa,ubavo nema sto !