Влијанието на модните блогери постојано се рефлектира во колекциите на модните куќи и на компаниите за масовно производтво на парчиња за секој ден. Изминатава декада многу модели, бои, форми, начин на комбинирање, како и навраќање на одреден тренд се под влијание на добро осмислените и конзистентни стајлинзи на популарните „обични“ луѓе со добар стил. Меѓу звучните блогерски имиња, кои успешно го вртат тркалото на трендовите во модата се Леандра Медин која стои зад Man Repeller и Сузана (Сузи) Лау -авторката на Style Bubble. Со своите несекојдневни комбинации, со кои често ги крашат т.н.модни правила и кодекси, отвараат нова врата на модни можности. Тоа им донесе бројни обожаватели и следбеници.
На листата на интересни и инспиративни комбинации е честото спојувањена фустан со панталони. Овој тренд од 90-тите го однесоа на следно ниво, комбинирајќи транспарентен фустан од тул со фармерки или со трендовски панталони. Фустанот во овој случај е само декор, и често се наѕира под палто, бомбер јакна или некое друго кежуал парче. Доста споделувана и копирана е назаборавната комбинација на асвстралиската модна консултанка Јасмин Суел, која носеше црна тантела врз исечени фармерки и зелен блузон. Овој тренд е застапен и во новата колекција за есен 2016 на еден од омилените high street брендови, „Зара“. Понудени се неколку транспарентни фустани во зелена, сива и црна боја, кои може да се носат врз фармерки.
Нема коментари