Фотографија со македонската манекенка со интернационална кариера, Елена Трајановска, снимена од младиот и перспективен фотограф Виктор Наумовски, се најде во италијанското онлајн издание на модниот магазин Vogue.
-Со големо задоволство ви соопштувам дека екипата на Vogue Italia ја прифати мојата фотографија од последната сесија, на роденденот на една од моите најблиски пријатели, Елена. Така, решив оваа фотка да ѝ ја посветам нејзе. Би сакал да ѝ посакам најсреќен роденден и да ѝ кажам големо благодарам што е тука крај мене измонативе пет години. Tаа ми го промени животот на подобро и искрено ѝ благодарам и се чувствивам почестен што сум ѝ пријател -напиша Виктор на својот профил на „Фејсбук“.
Нема коментари