Еко-освестена мода, заштита на животната средина и рециклирањето во светски рамки заземаат сè поголем замав и се дел од програмите на повеќето модни куќи и дизајнери. Вчера, на последната вечер на 14-тото издание на Моден викенд, видовме дека има потенцијал за еко-будење и на нашата модна сцена. Со танцов перформанс, гас-маска, парадирање на велосипед и употреба на рецикирани материјали младата дизајнерка Евгенија Зафировска покажа храброст и созреаност на светско ниво. Нејзината еко-колекција Black Feedback успеа да ги спои корисното и убавото, и со рециклирани парчиња да создаде носливи креации кои, иако имаат трендовска нишка, носат потенцијал за безвременост.
Во линијата се согледува нејзиното чувство на одговорност за ресурсите што ги користи и влијанието на нејзините активности на планетата. Ова чувство на одговорност е присутно во оваа колекција. Black Feedback е спој на haute couture и prêt-à-porte. Ваквата комбинација е сè повеќе актуелна, прави необични комбинации на стилови: монтка во замена на капут за официјални прилики- луксузна удобност.
-Во креирањето го вклопувам мојот карактер, идеите и ставот. Се стремам кон тоа секој дизајн што ќе го изработам да е уникатен, неповторлив и секако вистинското модно парче е безвременско. Тоа е она што ме води, црвената нишка во мојата креативност. Додека студирам имам различни периоди и за среќа имам време за експериментирање, така и го менувам начинот на работа. Истражувам, експериментирам не се плашам од предизвик, напротив се поголем предизвик ми е кога ќе ми кажат дека материјалот не е соодветен за изработка. Зачувувањето на животната средина е глобален проблем. Како дизајнер пробувам да апелирам на тоа. За секое парче од колекцијата, се прашував што треба да се направи оваа облека да биде поодржлива. Тоа е постојан напор да се подобрат дизајните и да траат подолго. Во потрага сум по нови начини за моделите да бидат поодржливи како што се чувствувам одговорна за ресурсите што ги користам и влијанието на моите активности на планетата. Ова чувство на одговорност е присутно во оваа колекција. Во колекцијата се појавуваат материјали што навидум не се спојуваат. Последните две колекции ги изработувам од поливинил. Работата со поливинил не е толку едноставна. Подолг период ми беше потребен да го истражам материјалот, да најдам начин да го вклопам во колекцијата и на крајот сум задоволна. Мојата работа е да не облекувам само модели, но жените воопшто. Она што е неверојатно е да се види како една жена, станува се поубава и сигурна во себе кога ќе облече нешто несекојдневно. Иако се од рециклиран материјал на прв поглед тоа и неможе да се примети. Сите парчиња од колекцијата се носливи- ни изјави Зафировска во неодамнешното интервју за stylist.mk.
По дипломирањето на Факултетот за дизајн во Љубљана продолжи на магистерски студии во Словенија. Со дипломската работа беше дел од учесниците на регионалниот конкурс ,,Young Balkan Designers 2016,, под слоганот Ново аналогно на Миксер Фестивал во Белград. На ,,Podobe casa,, -Биенална изложба беа избрани два нејзини проекти, и беше дел од изложбата во Љублјана- Цанкарјев Дом изложба на Друштво Дизајнери во Словенија (ДОС). Целта на изложбата е да се покажат најдобрите достигнувања и решенија во областа на дизајн од почетокот на формирањето на ДОС до денес и да го оживее сеќавањето од најпознатите приказни на времето што поминало. Друштвото Дизајнери во Словенија, дејствува повеќе од шеесет години, искуството и знаењето го дели со помладата генерација на дизајнери. Учествувавше и на Месец на дизајнот 2015 во Љубљана, неколку пати на БАФЕ во Белград, како и на изложбите-Mind The Gap, St. Andra Avstria, Ravne na Koroskem во Словенија, Heimtextile во Frankfurt…
Нема коментари