Пред еден месец ве информиравме дека македонската манекенка Елена Трајановска сработи лукбук за линијата CK Calvin Klein, а еве и дел од фотосесијата на која таа позира во креација од колекцијата за есен-зима 2014/15. Младата Елена е дел од една од значајните светски модни агенции Women Mаnagement од чие водство гради интернационална кариера, најчесто работи во Милано и Париз, а неодамна настапи на Миланската модна недела и сними неколку едиторијали. (K.T.)
Нема коментари