Македонската манекенка Елена Реи се појавува во кратко видео за познатата париска стоковна куќа Galeries Lafayette, со кое се промовира колор-блок тенденцијата за оваа сезона со модни парчиња и шминка од Sandro, Furla, линијата на самата стоковна, Maje и други брендови. Елена во моментов е нашата најпозната манекенка во меѓународни рамки, со повеќе ангажмани и фотосесии за Elle Kazakhstan, Harper’s Bazaar, Sephora, Jimmy Choo, Elle Mariage и други кампањи за познати бендови како Leonard, Massimo Dutti и Bershka.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари