Македонската манекенка Елена Реи позира во венчални фустани во магазинот Elle Mariage, специјално издание за свадби на јапонски Elle. Елена Реи се појавува во раскошни венчаници како најава за новата сезона која насетува минимализам на гламурот. „Покрај едиторијалот таа е главен лик во промотивниот видео запис, каде покрај нејзината впечатлива убавина може да се види маестралниот крој на венчаниците и обувките, кои ќе се сложиме и прилегаат навистина совршено. Со секој нареден проект нашата Елена докажува дека е навистина предодредена да ја паметиме како едно од најдобрите работи што воопшто ѝ се случиле на модната сцена кај нас“, велат со восхит од нејзината матична агенција „Моделс ИН“ во Скопје. Елена и претходно се има појавено на страниците на Elle Mariage,
Елена Трајановска, или Елена Реи како што е сега позната во модниот свет, продолжува со интернационални ангажмани и успеси. Неодамна се појави и во едиторијал за познатото списание Harper’s Bazaar и во кампања за Jimmy Choo. После работата во Токио, Сингапур и и Јужна Кореја, манекенката подолго време престојува во центарот на светската мода Париз. Елена зад себе има повеќе успеси како заштитно лице на Calvin Klein, соработки на кампањи и екслузивни едиотријали за Armani, Bvlgari, L’Officiel, Leonard, Celine, Bershka, Massimo Dutti и за други модни брендови.
Нема коментари