Македонската манекенка Елена Трајановска, сега позната како Елена Реи, по Њујорк и ексклузивното појавување на ревијата на Келвин Клајн, во моментов престојува во Милано. Елена вчера настапи на ревијата на No. 21, брендот на дизајнерот Алесандро Дел’Аква, а се надеваме дека ќе се појави и на некоја друга ревија во рамките на Миланската модна недела.
Нема коментари